Како на друга планета – во внатрешноста на најголемиот рудник за сол во Украина

Рудникот за сол „Артесол“ во регионот на Донецк во Источна Украина вработува 2.800 луѓе и снабдува околу 95 % на потребите на сол на Украинците. Подземна комора на рудникот е создадена откако се извлечени илјадници тони на сол. Геолозите кои работат за рудникот велат дека се отстранети помалку од 5 проценти од солта, откако операциите започнале во 1881 година.

 

Големиот слој на солта под градот Соледар, што значи „подарок од солта“ е формиран откако пресушило едно античко море во регионот.

 

Дел од овие солени блокови се продаваат по околу 8 евра и освен за готвење се користат за тн. „солени соби“ – комори изградени од сол каде се рекреираат луѓето.

 

Постои несогласување околу тоа дали вдишувањето солена прав е навистина чудесен лек за респираторни болести. Но, откако еден полски лекар забележал дека работниците во рудниците за соли често ги избегнуваат белодробните заболувања кои се заеднички за рудари на јаглен, се родила т.н „халотерапија“.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien