Македонија за 23 места го подобри рејтингот на Глобалниот индекс за мир

Facebook
Twitter
Email
Print

Северна Македонија се искачи за 23 места погоре на листата на Глобалниот индекс на мирот во споредба со минатата година и заедно со Грција го дели 65-тото место, на листата на која се рангирани 163 земји.

 

Индексот се пресметува врз основа на 23 фактори, меѓу кои и внатрешни и надворешни конфликти, воени трошоци, тероризам, убиства и криминал. Овие резултати покажуваат дека Северна Македонија и нејзината посветеност на напорите за европско и евроатлантско интегрирање сериозно придонесува не само кон регионалната туку и глобалната безбедност, мир и стабилност.

 

Австралискиот институт за економија и мир, според истражувањето за годинaшниот глобален индекс на мирот, врз чија основа се рангирани земјите од „најбезбедна“ до „најнебезбедна“, оценува дека во споредба со периодот од пред една деценија, светот во 2019 е најбезбеден во последниве пет години.

 

Првата „десетка“, покрај Исланд, ја сочинуваат и Нов Зеланд, Португалија, Австрија, Данска, Канада, Сингапур, Словенија, Јапонија и Чешка. На дното на листата е Авганистан, а пред него се Сирија, Јужен Судан, Јемен, Ирак и Сомалија, рангирани од 163 до 158 место.

 

Од поголемите држави, Русија е на 154-то место, САД на 128, Кина на 110, Франција на 61, Велика Британија на 46, Италија на 39, а Германија на 22 место. Од земјите во регионот, најдобро рангирана е Романија на 25 место, Бугарија е на 26, Хрватска на 28, Србија на 50, Албанија на 51, Црна Гора на 67,  Босна и Херцеговина на 81 и Косово на 86 место.

 

Во Извештајот за 2019 година се посочува дека над 400 милиони луѓе живеат во реони во кои нивото на безбеден живот е ниско и каде има високи ризици поврзани со климатските промени. Се посочува дека конфликтите што доминираа во изминатава деценија, како тие во Ирак и Сирија, сега почнуваат да се намалуваат, но во исто време избувнуваат нови во Јемен, Никарагва и Турција.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи