Владата ја претстави мобилната апликација за поврат на 15% од ДДВ – „Мој ДДВ“

Владата денес го најави стартот на проектот за поврат на 15 отсто од ДДВ кај граѓаните од 1 јули, а првата исплата на нивните трансакциски сметки ќе биде во декември.

 

Граѓаните треба да се регистрираат во системот Е-ПДД на УЈП, да ја преземат мобилната апликција „Мој ДДВ“ и да го внесат корисничкото име и лозинката од профилот на системот Е-ПДД. Откако ќе креираат ПИН, апликацијата се активира, а луѓето ќе треба само да го скенираат баркодот од фискалната сметка.

 

Максималниот износ на сметката не треба да надминува 30.000 денари, а ДДВ да не биде поголем од 4.000 денари месечно, 12 илјади квартално и 48 илјади денари на годишно ниво.

 

„Важно е  дека оваа мерка ќе биде еднаква за сите, односно ќе има лимит за богатите. Секој може да си направи математичка пресметка. Секој ќе добие 27 денари на платена сметка од 1.000 денари.Тоа се 15 отсто од платен ДДВ од 18 отсто на фискална сметка. Проценките се дека даночната евазија е 30 отсто, сега ќе биде помала. Исплатата е дури во декември за да ги тргнеме сите недостатоци кои би се појавиле, иако верувам дека системот е многу добро поставен. Најдобро е секој да си има своја евиденција, но доколку некој не може да се снајде со сметките, може да му ги дава на роднина или друг близок и да побара помош од него. Важно е да не се остави простор на сивата економија, која реално прави огромни штети. Нашите пресметки се дека кај граѓаните на овој начин ќе се вратат 50 милиони евра според нашата проекција на буџетот. Овое средства ќе бидат силна мотивација за граѓаните, бидејќи знаат дека со овие дополнителни средства ќе решат одредено буџетско прашање, како напривен снабдување со огрев за грејната сезона“, рече премиерот Заев.

 

Министерот за финансии Драган Тевдовски на денешната прес конференција рече дека фискалните сметки треба да бидат скенирани со мобилните телефони најдоцна до 10 дена од издавањето на дискалната сметка.

 

„Услов е секој да има трансакциска сметка на свое име ако сака лично да ги добие парите. Скенирањето треба да се направи најмногу 10 дена од издавањето на сметката. За ранливите групи има и алтернативни начини. Апликацијата ќе важи за сите граќани над 15 години. Доколку граѓаните немаат можност сами, од еден мобилен може да се користат повеќе профили, затоа обратете се кај најблиските. Во декември 2019 ќе биде првата исплата парите на сметките. Најмногу 28.800 денари годишно ќе може да добие четиричлено домаќинство. Тоа е ограничувањето. Односно еден до двата проценти најбогати нема да бидат неограничени. Апликацијата самата веднаш покажува дека сметката е прифатена. Ова важи само за граѓани, а не за претпријатија кои работат со фактури и сметкопотврди“, истакна Тевдовски.

 

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска наведе дека системот е подготвен и дека апликацијата е едноставна и лесна за користење.

 

„Од 1 јули фискалните сметки нема да бидат парче хартија. Апликацијата „Мој ДДВ“ скенира само валидни сметки со скенирање на бар-кодот, незаконските нема да ги препознае.  Затоа веруваме дека граѓаните ќе станат партнери во борбата со сивата економија и ќе бидат инспектори на еден начин. Постарите ќе може да побараат да бидат регистрирани од нивните најблиски, од помладите роднини.  Апликацијата е направена така што же има и извештај да може да се види колку пари ќе му бидат вратени на пример во декември при првата исплата“, рече Лукаревска.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.