Милошоски: Седум членки биле против отворање преговори со Северна Македонија

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, на „Твитер“ објави дека седум земји членки на Европската Унија гласале против отворањето преговори со Северна Македонија и Албанија на вчерашниот Совет на министрите за надворешни и европски работи што се одржа во Луксембург.

 

Според Милошески против отворање на преговорите гласале Франција, Холандија, Германија, Данска, Луксембург, Белгија и Шпанија.

 


 

Земјите членки на ЕУ ќе се навратат најдоцна во октомври 2019 година на отворањето преговори со Северна Македонија и Албанија, се договорија министрите за надворешни работи на ЕУ.

 

„Потврдувајќи ги своите заклучоци од 26 јуни 2018 година, Советот силно го поздравува историскиот преспански договор, како и договорот за добрoсоседски односи со Бугарија, и се осврна на препораките на Комисијата за отворање пристапни преговори со Република Северна Македонија врз основа на нејзината позитивна оценка за постигнатиот напредок и исполнувањето на условите утврдени од Советот. Поради ограниченото време на располагање и важноста на предметот, Советот ќе се врати на ова прашање со цел да се постигне јасна и суштинска одлука што е можно побргу и не подоцна од октомври 2019 година“, се наведува во заклучокот на Советот за општи работи на Унијата.

 

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на прес-конференција соопшти дека малку земји членки на Советот не ја поддржале чистата препорака на Европската комисија за доделување датум за преговори на денешниот состанок.

 

„За жал, малку земји членки не ја поддржаа чистата препорака на Комисијата за отворање преговори за пристапување во ЕУ со Северна Македонија и Албанија“, рече Хан.

 

Премиерот Зоран Заев денеска го демантираше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, околу гласините дека седум земји биле против отпочнување преговори со земјава.

 

„Прв пат слушам за тоа дека седум земји биле против отпочнување на преговорите. До сега немам таков податок“, рече Заев.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien