Пендаровски: Гоце Делчев се декларирал за Бугарин, но се борел за самостојна македонска држава

Неспорна историска вистина е дека Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин, во тој историски контекст, како што е неспорна историска вистина и факт дека се борел за македонска држава, изјави претседателот Стево Пендаровски во телевизиско интервју.

 

Пендаровски вели дека станува збор за два неспорни историски факти и ова го нуди како компромисен пристап кон ликот и делото на револуционерот чие дефинирање донесе тензии на релација Софија-Скопје во изминатите денови и се заканува одново да ги затегне односите меѓу двете земји.

 

„И еве можеби да излезам надвор од мојот мандат, бидејќи во изминативе неколку недели имав интензивна комуникација со луѓе што се разбираат во таа работа, затоа што јас сум сигурен дека тоа постепено станува политички проблем. Тврдам дека тоа допрва ќе станува политички проблем ако пристапот од бугарска страна продолжи да биде ваков. Значи, неспорна историска вистина е, за сите што имаат малку познавање од тој историски период, дека Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин. Но, дали не е историска вистина, стопроцентна, дека Гоце Делчев се борел за македонска држава? Автономија, независна држава, па дури на крајот оставил аманет неговите коски да почиваат во независна Македонија“, вели Пендаровски во интервјуто.

 

Според Пендаровски не постои ниту еден документ што вели дека Гоце Делчев се борел за Голема Бугарија или за Санстефанска Бугарија ж, ниту пак изјава во која вели, или став макар, прераскажан од неговите современици, дека Гоце Делечев се борел за припојување на тогашната провинција во Османлиското царство Македонија кон Бугарија.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien