Садула Дураку – министерот кој 17 години е на власт и знае да работи на „Интернет експлорер“

Садула Дураку од ДУИ, досегашниот министер за животна средна, кој е предложен за нов министер за политички систем, имал познавања од Интернет експлорер и Мајкорософт офис.  Ова го пишувало во неговата куса биографија доставена до Собранието, пренесува порталот СДК.МК.

 

Од други способности, навел: солидни менаџмент особини, работа во група, работа под стрес и комуникативност.

 

Садула Дураку се чини дека е функционерот на ДУИ кој најмногу ги почувствувал придобивките на власта. Од 2002 година, кога ДУИ победи на првите избори по конфликтот во 2001 година, па до денес, кога е префрлен во новото Министерство за политички системи, Садула Дураку никогаш не останал без владина функција или друга важна функција.

 

По славата што ја доби со затварањето на вентилот за водоснабдување во регионот Липково за време на конфликтот, по што го доби и прекарот „Командант Вентили”, славата на Садула Дураку продолжи да живее поради важните функции што ги има откако ДУИ дојде на власт. За 17 години Дураку се шетал од ресор во ресор, работел како градоначалник и како министер и никогаш не останал без плата од државниот буџет.

 

Претходно беше министер животна средина две години и за овој краток период го следеа низа скандали поради загадувањето на воздухот. Дураку речиси воопшто не се појави во медиумите за да известува за својата работа, поради како што рече неговото „небавење со граѓаните“.

 

Дали министерот Дураку има познавања од „Мозила“ или „Гугл Хром“ останува енигма.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.