ВИДЕО – Инвалид од прилепско не може да оствари ниту инвалидска, ниту семејна пензија поради бирокатски причини

Лавиринтите и апсурдите на бирократскиот систем во државава со години не му овозможуваат на 49 годишниот Сашо Атанасоски од прилепското село Големо Коњари да добие ниту инвалидска ниту семејна пензија иако е инвалид скоро од раѓање. Kако 8 месечно бебе поради висока температура добива големи искривувања на рбетот и потешкотии во одењето. Фондот го одбива за пензија бидејќи никаде неможе да го пронајде документот со кој треба да ја докаже инвалидноста од раѓање до својата 26-та година. Во тој документ од Центарот за социјална работа од Прилеп во 1994 година стои дека тој е лице со тешка физичка попречност, врз основа на кое во 1995 година, лекарска комисија го прогласува за неработоспособен.

 

 

„Го барав документот во Центарот за социјални работи не постои таму, го побарав во подрачниот архив, го нема таму. Прашав во државен архив на Македонија ми рекоа дека не ги чувале тиие документи. Во 2009 година започнав да барам пензија, досега само ме одбиваат и до второстепена комисија жалби давав“, истакна Сашо Атанасоски, жител на с. Големо Коњари.

 

Инвалидитетот кај Атанасоски и без некои стручни лекарски оценки е видлив. Атанасоски вели ова е апсурд. Рбетот му е искривен, тешко оди, понекогаш со бастун, а кога има многу болки и во количка. Поради немање на средства во 2001-ва морал да се вработи во едно заштитно друштво каде работи до денес. Пакува производи со седење, но како старее болеста се влошува и тој повеќе не може да издржи. Очајно бара помош од институциите, не знае како да докаже дека е инвалид.

 

„Ќе мора да ја напуштам работата поради влошувањето на мојата здравствена состојба. Ако не земам семејна пензија нема да можам да издржам без финансиски средства затоа што сам сум, нема од што да се издржувам“, додаде Атанасоски.

 

Од центарот за социјална работа од каде првично го издале документот во 1994 година велат дека тој  е веќе однесен во архив, иако Атанасоски вели дека таму го нема. Од Центарот го повикаа Атанасоски да појде кај нив за повторно да го разгледаат целиот случај.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи