Капиталните инвестиции и годинава катастрофални – за 5 месеци реализирани само 13.7%

И покрај владините ветувања  за градежен бум оваа година, капиталните инвестиции повторно се катастрофални со процент на реализација од само 13.7%. За пет месеци потрошени се едвај 58 милиони евра од вкупно предвидените 420 милиони за годинава за изградба на патишта, пруги, гасоводи, училишта и други големи проекти.

 

Премерот Зоран Заев, кој за неколку дена ќе ја преземе и функцијата министер за финансии, најави дека дека ќе забрза изградбата на капитални проекти во вториот и третиот квартал.

 

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, пак и покрај катастрофалните податоци од извршувањето на буџетот за пет месеци, на Фејсбук се огласи дека бележи одлична реализација во неговиот сектор.

 

„Оваа 2019 година се собираат плодовите од затекнатите административни пречки од минатиот период. Заклучно со јуни реализираме 50 отсто од гасификацијата. Уште од сега со сигурност може да најавам 100 проценти исполнување на овој клучен проект. Изградбата на социјалните згради е 100 проценти реализација. Во моментов работиме на изградба и рехабилитација на 44 патишта или вкупно 550 километри. Течат 28 проекти за изградба на 187 киломтри комунална мрежа која ќе служи за 225 илјади жители. 2019 година е економска година. Зборот важи!“, пишува Сугарески.

 

Слаба реализација на капиталните инвестиции имавме и минатата година, а од Илинденска се правдаа со лошо проектирани проекти од претходната Влада на Груевски. Годината заврши со реализација од едвај половина од планираното.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien