ВИДЕО – Невремето целосно го уништи патот до прилепско Дреновци, селото е отсечено, жителите бараат итна помош

Локалниот пат кој ги поврзува селата Дреновци и Дупјачани во Општина Долнени е комплетно уништен во должина од околу 1,5 км. а додека останатиот дел од 2,5 км до селото Дупјачани делимно бил оштетен од катастрофалното невреме кое вчера го погоди овој регион. Ова за Инфо Компас го тврдат жители на Дреновци кои до нашата редакција доставија и видео материјал. Жителите на ова село кое има околу 300 жители молат за итна помош.

 

 

„Вчера доживеавме вистинска катастрофа. Патот за селото целосно е уништен во должина од 1 км. до околу 1,5 км. А останатиот дел од патот од околу 2,5 км кој не поврзува со Дупјачани е делумно уништен. Се поминува само со теренски возила. Ние сме комплетно отсечени од светот. Освен стари лица имаме и над 70 деца под 18 годишна возраст. Упатуваме апел до државата и општината под итно да се санира патот. Да не даде Господ ако се случи нешто лошо нема можност ниту Итна помош да дојде. Денеска фирмите кои носат леб не дојдоа во селото, па со Лади Ниви моравме да носиме леб од соседното село Дупјачани. Бараме државата мора итно да реагира“, истакна Слободанчо Димитриески, жител на село Дреновци.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи