Седумгодишно дете се здобило со повреди, откако било удрено од мотор во Прилеп, Информира МВР. Вчера во околу 20:00 часот на ул.„Блага Ружето“ во Прилеп, 24-годишниот Н.Ј. од Прилеп, управувајќи мотоцикл „Кавасаки“ со прилепски регистарски ознаки, удрил во велосипед што го управувало седумгодишно дете од Прилеп, кое било пренесено во болницата во Прилеп каде му била укажана лекарска помош.
Увид на местото извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп.
99