ВИДЕО – Најголемиот фестивал во Македонија – Пиво Фест 2019, на старата локација, без поголеми промени

По 17-ти пат годинава од 18-ти до 21-ви јули во Прилеп ќе се одржи еден од најголемите фестивали во Македонија – Пиво Фест 2019. Главна ѕвезда на фестивалот ќе биде Светлана Ражнатовиќ – Цеца. За разлика од претходните години сега настапот на главната ѕвезда ќе биде во петок, наместо во недела како порано. Организатор на фестивалот се БАГИ комуникации, а водители на истиот ќе бидат Жарко Димоски и Јана Серафимова.

 

 

ПРОГРАМА НА ФЕСТИВАЛОТ.

 

ЧЕТВРТОК  18 ЈУЛИ

  • ПРИЛЕПСКИ ЕСНАФ
  • СЕЛИМОВА ЖЕЛЧЕСКИ
  • ЃОРЃЕ ДАВИД И ИВАНА НЕГАТИВ
  • ГАЛИЈА

ПЕТОК 19 ЈУЛИ

  • АЛЕН ХАСАНОВИИЌ
  • МИЛЕ КУЗМАНОСКИ
  • КАНТУРОВИ
  • СВЕТЛАНА РАЖНАТОВИЌ – ЦЕЦА

САБОТА 21 ЈУЛИ

  • THE HOUNDS
  • ВЛАТКО СТЕФАНОСКИ – ТРИО
  • ФРАЈЛЕ
  • ТАМАРА ТОДЕСКА

НЕДЕЛА 21 ЈУЛИ

  • БЕН ХУР
  • КАЛ БЕНД
  • САЊА, МАРИНКО И ЗЕЦ ГИ ПЕАТ ПЕСНИТЕ НА НОВИ ФОСИЛИ
  • CYRILLIC

 

 

Иако во минатите години доста се заговараше промена на локацијата на Фестивалот и годинава како и лани анкетата направена помеѓу граѓаните покажала дека најдобра локација е таа во центарот на Прилеп, како и досега.

 

„Знаете секогаш кога ќе заврши Фестивалот се размислува како следната година да биде подобар, да се промени локацијата. Години наназад се правеле дискусии помеѓу граѓаните, угостителите, да се промени локацијата. Така и оваа година размислувавме дали да остане да истата локација или да ја промениме. Направивме и неформална анализа со граѓаните, угостителите и институциите и добивме позитивен знак за одржување на Пиво фестот на истата локација во центарот на градот. Бидејќи никаде неможеме да најдеме подобра инфраструктура од постоечката. Посигурна и подобра безбедност. Затоа и оваа година се одлучивме локацијата да биде на истото место. Оваа година ќе биде малку поинаква и поразлична од претходната затоа што ќе имаме повеќе брендови на пиво и пивари кои ќе бидат дел од овој фестивал. Направивме можност со повеќе алтернативни простори и дополнителни содржини да излеземе во пресрет на сите граѓани со цел задоволување на вкусовите на сите за време за четирите фестивалски денови“, истакна градоначалникот Илија Јованоски.

 

Годинава нема да има огномет, бидејќи дел од средствата предвидени за огнометот ќе се насочат за Клубот за лекувани алкохоличари во Прилеп. Организаторот БАГИ комуникаци истакна дека голем предизвик е да се организира ваков фестивал кој е еден од најголемите во Македонија.

 

„Голем предизвик е да се организира фестивал кој веќе 17-та година направи своја традиција и регионално до Белград е најголемиот во целиот регион. Единствен ваков фестивал, поголем во целиот регион е Белградскиот. Прилеп има можност да го завземе целиот регион со овој фестивал, веќе е во најголемите три во Македонија а можеби и најголем. Направивме таргет и избор на музика за сите генерации. Со посебен акцент на иизведувачи локални. Луѓето кои работат и творат во Прилеп мора да дојдат на голема сцена пред толку публика. Направивме избор на музика за сите популации и генрации. Застапени се сите видови на музка, рокенрол, традиционална музика, алтернативни музичари, поп музика, има гости од целиот регион“, кажа Владимир Мандичевски – Манде.

 

Вкупна површина на штандови ќе била на 4.131 м2. Ќе имало зголем број на тоалети и поставување на чешми со вода. Паркингот за возилата кои ќе доаѓаат во Прилеп ќе биде 50 денари. Акцент ќе се ставел и на друга алтернативна програма.

 

„Исто така за прв пат оваа година отвораме објект каде може да се пријави „Изгубено-Најдено“. Фестивали од ваков обем имаат потреба од тоа. Во самиот централен дел се мести и Пент Бол арена која ќе биде достапна сите 4 дена. Воведуваме игра во вечерните часови пред почетокот на програмата „Пивопол“. За прв пат на Пиво фест се прави активна детска зона која што ќе биде понастрана од централното градско подрачје и која што ќе функционира во 2 временски иинтервали од 9 до 12 наутро и од 18 до 22 навечер. Таму имаме строги детски содржини. Периодот од 12 до 18 часот го задоволуваме со летна забава во хотел „Салида“ на Аква Паркот. Ја имаме во тој дел и активна исто како и лани активна Кампинг зоната на Могила. Оваа година се активира и Јавен Простор со дополнителна алтернативна програма за различен вкус, доколку не одговара програмата на централна бина. И имаме програма на Камена бина која ќе продолжува по завршувањето на официјалната програма на централна бина, се до раните утрински часови. Таа програма ќе биде со промоција наши прилепски диџеи. Таа програма во тој дел со мене заедно ја организираат „ROOM 313“, рече Јана Јанеска Ристески, Општина Прилеп.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи