И покрај заложбите на комуналците да ги одржуват дрвјата низ градските гробишта, немилосрдните берачи на липа ги оставија липите без гранки. Освен ова, се прави голема штета врз споменичните обележја.
По пријава на стражарската служба, и брзата реакција на полицијатана, на лице место биле фатени група на берачи, кои по пристигнувањето на полицијата се дале во бегство, а ги оставиле запрежната кола и вреќите полни со липов цвет.
Жалосни се фотографиите од искршените и соголени липи, но уште пожалосна е сликата од искршените и оставени гранки врз почивалиштата од починатите.
Денеска комуналците работеа на расчистување на хаосот, кој зад себе го оставија берачите на липа.
96