ВИДЕО – „We run we care“ – Прилеп повторно покажа голема хуманост и поддршка за лицата со церебрална парализа

Прилеп по втор пат ја покажа својата голема хуманост и поддршка за лицата со церебрална парализа. Над 2.000 учесници беа дел од трката „We run we care“, која се одржа доцна попладневио и која беше од хуманитарен карактер. Собраните средства од котизацијата на учесниците, 100 денари по лице, ќе бидат донирани во Центарот за лица со церебрална парализа. Организатори на трката се бизнис секторот и Општина Прилеп.

 

 

„Понатаму сакаме тој Дневен центар ако е можно да премине во рехабилитационен центар. Досега сме презадоволни од тоа како функционираат работите во Центарот“, рече Игор Темелкоски, родител на дете со церебрална парализа.

 

„Средства се секогаш добредојдени затоа што колку повеќе имаме материјали толку можеме повеќе да им понудиме подобри услови на овие деца“, истакна Бранка Пројческа, вработена во Центар за церебрална парализа.

 

„На дечињата со церебрална парализа најпотребна им е љубов, згрижување, нега, социјализација и физикална терапија која што тие секојдневно ја добиваат“, вели Нела Јездиќ, вработена во Центар за церебрална парализа.

 

Организаторите се надеваат дека оваа трка во иднина ќе стане традиционална. Стопанствениците истакнаа дека се горди на масовноста на акцијата.

 

„Средствата ќе бидат употребени за купување на надгледни средства кои ќе им помогнат на овие лица со церебрална парализа во нивната активност“, изјави Илија Јованоски, граоначалник на Прилеп.

 

„Не само што правиме добро дело,не само што не има. Туку клучно и најбитно е тоа што ја градиме свеста на колективната припадност“, потенцираше Ирена Јакимоска, стопанственик.

 

„Успеавме да ги поттикнеме и другите компании да се приклучат кон општетствено корисни дејствија“, рече Васил Костоски, стопанственик.

 

„Многу сум среќен што гледам тука илјадници луѓе, а особено на вработените во нашата компанија кои ги поддржуваат овие лица“, кажа Василис Анагносту, стопанственик.

 

Инаку ова е втор ваков Центар за церебрална парализа во Македонија, после оној во Скопје.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien