Судењето за насилството во општина Центар се одложи поради отсуство на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески.
Иако Јанакиески пред неколку дена доби 30 дена притвор за злоупотреба на службена положба за склучување договори за оттуѓување земјиште во сопственост на државава, истиот суд кој го одобри притворот, денес и даде наредба на полицијата да го бара поранешниот министер на домашна адреса.
Односно, Основниот суд Скопје 1 издал налог Јанакиески стражарно да биде доведен на рочиште од неговиот дом, и покрај фактот што тој е во притвор во Истражниот затвор во Шутка.
101