Грција во 2005 прифатила Република Македонија – Скопје, без промена на Уставот

Во 2005-та година, тогашниот грчки премиер Костас Караманлис му го испратил на американскиот претседател Џорџ Буш, а во кое изразува подготвеност неговата влада да ја прифати двојната формула, а Македонија да го задржи уставното име за внатрешна употребна без било какви уставни измени.

 

Писмото го објавија од СИРИЗА само неколку денови пред тамошните парламентарни избори, а целта според нив е релано да се покаже хипокризијата на Мицотакис и обвинувањата на Нова Демократија дека Ципрас  го „продал“ името Македонија.

 

Караманлис му пишал на Буш и дека тие нема да го спорат терминот „македонски“ а јазикот воопшто немало да биде дел од договорот, кој би се направил врз основа на тогашен предлог на медијаторот Нимиц. За писмото бил запознаен и тогашниот македонски премиер Владо Бучковски, а за содржината на истото разговарал директно со Буш во Белата Куќа.

 

Објавувањето на писмо, односно „џокерот од ракав“ на Ципрас, тамошните  медиуми го опишуваат како тежок удар за Мицотакис и Нова Демократија, бидејќи за време на потпишувањето и спроведувањето на Преспанскиот договорот, тој и неговата партија беа најгласни во обвинувањата до СИРИЗА дека ги предала националните интереси и дека тие како партија никогаш и под никакви услови не би потпишале таков договор.

 

По ова се отвора прашањето зошто земјава уште тогаш не го затворила спорот за името, без било какви уставни измени, по што во 2008-та на самитот на Букурешт ќе станевме дел од НАТО, а и дефинитивно ќе бидевме на добар пат во евро интеграциите?

 

Писмото го пренесуваме во целост.

 

„ПРЕМИЕР Атина, 8 април 2005 година

До Неговата Екселенција Џорџ В. Буш

 

Драг Џорџ,

 

Ти благодарам за пораката и за убавите зборови испратени до мене преку министерот за надворешни работи Моливијатис.

 

Во твоето писмо од 16 ноември 2004 година, ти ја потврди твојата поддршка на постојните напори на Обединетите нации за наоѓање на решение за прашањето за името на поранешната југословенска Република Македонија, како и за твојата подготвеност да прифатиш решение што ќе произлезе од тие преговори. Токму затоа би сакал да те информирам за последниот развој на овие преговори што се одвиваат под покровителство на Обединетите нации меѓу Хеленската република и поранешната југословенска Република Македонија (ФИРОМ). За првпат по потпишувањето на Времената спогодба на двете страни на 13 септември 1995 година, Специјалниот претставник на генералниот секретар на Обединетите нации, господинот Метју Нимиц поднесе предлог, во вид на сеопфатен нацрт на Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации, во однос на конечно решение на ова исклучително прашање.

 

Поконкретно, името што е предложено од страна на Специјалниот претставник е „Република Македонија – Скопје“, кое би се користело непреведено. Ова име би се користело за сите официјални намени во рамки на системот на Обединетите нации. Понатаму, предлогот ги повикува другите меѓународни организации, како и Соединетите држави, да го користат гореспоменатото име за меѓународна официјална намена. Уставното име „Република Македонија“ ќе продолжи да се користи за внатрешна намена во рамки на ФИРОМ, што значи дека нема да има уставни измени што би можеле да имаат негативни несакани ефекти на Охридскиот договор од 2001 година, што е потребно.

 

Овој предлог не ги задоволува нашите позиции, но ние ќе бидеме подготвени да го прифатиме како основа за решение. Како што имав можност да те информирам во моето писмо до тебе од 29 ноември 2004 година, Грција е подготвена брзо да ги заклучи разговорите во Њујорк. Изминатите 15 години, различни фактори спречуваа наоѓање на решение меѓу двете земји. Јас сум лично подготвен веднаш да поддржам договор. Во тој поглед, Грција е подготвена за влез во оваа конечна фаза на преговорите со позитивен и конструктивен став со цел наоѓање на заеднички прифатливо решение. Ова не само што ќе овозможи целосна нормализација на билатералните односи, туку исто така одлучно ќе придонесе во стабилизација на целиот регион и ќе ја укине главната блокада за поранешната југословенска Република Македонија на нејзиниот пат кон интеграција во Евро-атлантските структури.

 

Овој предлог им обезбедува уникатен прозор на можности на двете страни и ќе придонесе за понатамошна стабилизација на регионот. Затоа е клучно во оваа фаза за двете страни да го поддржат нацрт-предлогот на Обединетите нации.

 

Во поглед на посветеноста на Соединетите држави да играат клучна улога во стабилизацијата на регионот во целост, како и на предизвикот што произлегува од дефинирањето на идниот статус на Косово, искрено се надевам дека Соединетите држави активно ќе го поддржат овој предлог на Обединетите нации.

 

Искрено твој,
Костас Караманлис”

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien