“The Witcher” – серијата која треба да ја замени „Game of Thrones“

По завршувањето на популарната „Game of Thrones“, за фановите на епската фантастика Netflix ја подготвува серијата  „The Witcher“,  која би требало да ја пополни празнината која настана кај љубителите на овој жанр.

 

“The Witcher” е адаптација на романите и кратките приказни на полскиот автор Анджеј Сапковски според кои се направени неколку хит игри. Приказната е сместена во алтернативен средновековен свет и го следи Гералт, патувачки ловец на чудовишта, односно вештер, кој од младоста е трениран да се бори со сите видови на чудовишта.

 

“Гералт од Ривија, осамен ловец на чудовишта, се обидува да го пронајде своето место во светот каде луѓето ќе се покажат како поопасни противници од чудовиштата. Но, кога судбината ќе го однесе до моќна магионичарка и млада принцеза со опасна тајна, тројцата ќе мораат да го пронајдат патот низ непријателскиот Континент“, се наведува во сценариото.

 

Главниот лик на Гералд ќе го глуми Хенри Кавил, кој се откажа од улогата на Супермен во филмскиот универзум на DC и реши да се фокусира на еден поразличен проект.

 

 

Она што го знаеме досега е дека серијата ќе се појави на есен, но и понатаму нема конкретен датум од Netflix.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи