ВИДЕО – Прилеп и годинава центар на уметниците од целиот свет во рамки на уметничкото лето при ЦСЛУ

Прилепскиот бел мермер Сивец освен што е еден од најбараните и најскапи мермери во светот и кој се употреба во разни објекти од него се изработуваат и најубавите скулптури на еден од најстарите симпозиуми во мермер, стар 56 години, кој и ова лето го организираше Центарот за современа ликовна уметност. Досега се изработени над 200 скултпури, од кои околу 120 се поставени во парковите во Прилеп, а другите во други државни институции.

 

 

„Тука сум за прв пат и планирам оваа скулптура да ја изработам за 11 дена, организацијата тука е одлична“, истакна Каролина Палмеро, скулптор од Аргентина.

 

„Одлична е идејата да се организира еден ваков симпозиум и да се запознаваат нови уметници ии да се остваруваат контакти“, кажа Албулен Незири, уметник од Косово.

 

Над 20 уметници од повеќе држави и ова лето творат веќе 10-тина денови во рамки на уметничкото лето на Центарот за современа ликовна уметност. Освен на мермерот Прилеп е особено горд и на Интернационалната сликарска колонија која е најстара ваква колонија во Југоисточна Европа од далечната 57-ма година. Годинава има сликари од Русија, Канада, Полска, Шпанија и Македонија.

 

„Многу ми се допаѓа, за прв пат сум тука. Стекнувам нови искуства, разменувам мислења со колеги од целиот свет, циркулираат многу идеи“, вели Драгољуб Здравковиќ, скулптор од Србија.

 

„Многу сум возбуден, за прв пат сум тука, не очекував ваков пречек, ова е многу возбудливо искуство за мене, многу сум среќен што сум тука, јас сликам фигуративна уметност “, истакна Мишел Банасик од Полска.

 

„Многу е интересно што има уметници од целиот свет. Работиме сите заедно во заеднички простор, разменуваме идеи, ова е прекрасно“, кажа Алех Клос од Канада.

 

Освен во мермер скулпторите работат и во дрво и метал.

 

„Овде има уметници од повеќе земји, сликари, скулптори кои работат во метал, јас работам во дрво но има и такви кои работат во камен. На овој начин се создава  еден творечки момент помеѓу колегите, помеѓу различните култури“, вели Радослав Симеонов скулптор од Бугарија.

 

„Не ми е прв пат да бидам дел од вакви настани и сакам да учествувам поради средбите со колегите од другите средини. Прв пат сум во Прилеп и изненаден сум од организацијата на ова атеље“, рече Џорџе Арнаут скулптор од Србија.

 

Уметничкото лето на ЦСЛУ ќе трае до 10 јули. Изработените дела остануваат сопственост на Центарот.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien