Кривична против поранешниот претседател на Кривичниот суд поради злоупотреба на АКМИС-от

Основното Јавно Обвинителство поднесе обвинителен предлог против поранешниот претседател на Основниот кривичен суд – Скопје, Владимир Панчевски, поради сомнение за злоупотреба на информацискиот систем за управување со судски предмети АКМИС, односно, како што стои во соопштението од обвинителството, за злоупотреба на службената должност и овластување.

 

„Основното Јавно Обвинителство Скопје по прибирање материјални и вербални докази, утврдило дека во периодот од 23-ти јануари 2013-та година до 14-ти септември 2016-та година, обвинетиот при извршување на должноста со умисла влијаел врз начинот на електронската распределба на предметите, давал наредби и насоки кој предмет кај кој судија да се распредели и со тоа ја злоупотребил службата и ги пречекорил границите на своите овластувања“, пишува во соопштението.

 

Од Обвинителство додаваат дека Судскиот Совет доколку во рамките на своите надлежности најде пропусти за други претседатели на судовите или судии, може да поведе постапка за нив, согласно законските одредби.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien