Предлог-закон за воведување на 10 нови празници во Македонија

Десет нови празници за заедниците кои во Преамбулата на Уставот се наведени како „други“, ќе се воведат во земјава, а предлог-законот за празници, денеска е пред пратениците во прво читање.

 

Со ова, свој ден за славење ќе добијат Словенците, Унгарците, Полјаците, Балканските Египќани, Хрватите, Црногорците, Ерменците, Бугарите, Грците и Русите кои живеат во Македонија.

 

–  8 февруари, ден на словенската култура, за припадниците на словенечката заедница.

– 15 март, национален ден на Унгарците, за припадниците на унгарската заедница.

– 3 мај, национален ден на Пољаците, за припадниците на полската заедница.

– 24 јуни, меѓународен ден на Балканските Египќани, за припадниците на египќанската заедница.

– 25 јуни, национален ден на Хрватите, за припадниците на хрватската заедница.

– 13 јули, национален ден на Црна Гора, за припадниците на црногорската заедница.

– 21 септември, национален ден на Ерменците, за припадниците на ерменската заедница.

– 22 септември, ден на независноста на Бугарија, за припадниците на бугарската заедница.

– 28 октомври, ден на независноста на Грција, за припадниците на грчката заедница.

– 4 ноември, национален ден на Русите, за припадниците на руската заедница.

 

Ова е предлогот на група пратеници за измена и дополнување на Законот за празниците на Република Македонија, кои воедно предлагаат и промена на името на законот во закон за празниците на Република Северна Македонија.

 

Образложението за воведување на десет нови празници е дека во Македонија покрај заедниците кои таксативно се набројуваат во Преамбулата на Уставот, врз основа на податоците од последниот попис на населението, живеат уште и припадници на етничките заедници на Египќаните, Црногорците, Хрватите, Словенците, Полјаците, Унгарците, Украниците, Русите, Ерменците, Бугарите и Грците. Овие заедници се организирани во соодветни здруженија на граѓани, со што го негуваат својот културен и етнички идентитет. Со усвојување на предложените изменувања и дополнувања на Законот за празниците ќе се укине дискриминацијата и исклучувањето што го генерира Законот врз припадниците на заедниците кои се познати како „другите“ од Преамбулата.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien