Иран со ултиматум до Европа – имате 60 дена за спас на нуклеарниот договор

Facebook
Twitter
Email
Print

Иранските власти упатија ултиматум до Европа, соопштувајќи дека имаат 60 дена за спасување на меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма , пренесува Асошиејтед прес. Според зборовите на иранскиот министер за надворешни работи, Абас Мусавиј, Иран нема да нуди дополнителни „крајни рокови“.

 

„Се надеваме дека ќе успееме да најдеме решение, бидејќи во спротивно ќе ј почнеме следната фаза од планот за намалување на обврските на Иран кон нуклеарниот договор постигнат во 2015 година во Виена“, изјави вчера заменик министерот за надворешни работи Абас Арагчи.

 

Иран веќе е блиску до преминување на границата за произведување на збогатен ураниум, а американските медиуми соопштуваат дека тие исто така пробуваат да ги заобиколат американските санкции за да можат да ја остварат ветената економска помош од европските партнери.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи