Од Основното јавно обвинителство велат дека будно и внимателно го следат случајот со скандалот со генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, но засега сеуште не отвораат истрага. Од ОЈО велат дека ако се докаже дека постојат елементи за кривично дело и ако има правна основа, тие ќе постапуваат во согласност со законските надлежности.
Во меѓувреме, објавена е нова “бомба” во онлајн-медиумите, велејќи дека Рашковски бил свесен дека не можел да преговара со фирмата “Леонардо” за купувањето на безбедносен ситем за М-НАВ, бидејќи тендерот не бил комплетен.
Во моментов, Државната комисија за спречување на корупцијата е единствената институција која отвори постапка по овој случај, од каде најавија детална истрага околу набавката на радарски систем за Контрола на летање, односно М-НАВ, каде што главниот фокус ќе биде улогата на владиниот функционер Рашковски и неговата улога во потпишувањето на договорот во вредност од 7 милиони евра со италијанската компанија „Леонардо“.