Регулаторна Комисија за Енергетика донесе одлука за промена на цените на горивата. Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар, а за толкав износ поевтинува дизелот.
Така Еуросупер БС 95 ќе се продава за 69 денари, додека новата цена за Еуросупер БС 98 ќе изнесува 71 денари за литар. Од друга страна дизелот ќе се продава за 61 денари по литар.
Новата цена на екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 50.50 денари за литар.
Намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек изнесува 0,13 проценти.