Јане Ченто се збогува со „Шутка“ и во соопштение објавено преку неговата сестра порача дека сега од „Идризово“ ќе се бори да ја докаже својата невиност.
„Трпението не е само способност да се чека, тоа подразбира како се однесуваме додека чекаме.
Вистинската вредност на човекот не се мери во моментите на удобност и благосостојба, туку во времињата кои носат предизвици и контроверзии.
Промената не е неизбежна, туку се остварува преку непрекината борба.
Ние ќе се бориме да ја докажеме нашата невиност и ќе успееме еден ден во тоа иако ќе бидеме во затворот Идризово, нема предавање МАКЕДОНЦИ !!!
Македонија слободна ќе биде !!!
Збогум Шутка!“, стои во соопштението на Ченто.
Тој беше осуден на 15 години затвор, поради извршеното насилство во Собранието на 27 април 2017 година. Досега своето извршување на казната го поминуваше во затворот ,,Шутка”, но сега е префрлен во Идризово.