ВИДЕО – Здравески : Без никаква транспарентност се избрани Комисијата и Агенцијата која го организира Пиво фест

Во општината предводена од Илија Јованоски и Миле Талески не се знае кој јаде и кој пие, но кога нивните лични интереси се во прашање, и тоа како знаат што прават. Истакна на денешната прес конференција Виктор Здравески од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Организацијата на овогодишното издание на „Пивофест” е уште еден во низата скандали за кои токму Јованоски и Талески се први повикани да дадат одговори пред граѓаните.

 

Ако досега за избор на организатор на фестивалот се носеше одлука на совет, сега градоначалникот си направи комисија по свој терк и без никаква транспарентност си избра агенција, која ќе добие средства во вистина од 2,5 милиони денари граѓански пари.

 

Ги прашуваме властите:

 

„Како и на кој начин е направен изборот на членови во оваа комисија?

 

Кои беа критериумите за избор на актуелниот организатор и дали зад сцена се крие организиран криминал за кој би одговарале Јованоски и Талески?

 

Дали е вистина дека градоначалникот уште од февруари месец преговарал за организирање на фестивалот со менаџер од Србија и дека предвреме било познато која агенција ќе го организира „Пивофест”?

 

Значи ли нешто за градоначалникот името Добривоје Марински?

 

Ќе одговори ли Јованоски на прашањето дека за истите пари можел да доведи светска агенција, со врвни изведувачи и фестивалска сцена рамна на светски спектакл?

 

Вистина ли е дека поради нивната несериозност и гледањето на личните интереси ја пропуштиле можноста фестивалот да ја врати старата слава и сјај?

 

Почитувани,

 

Луѓето како Јованоски и Талески кои со години го критикуваа фестивалот во Прилеп, со ваквите постапки и токму сега од него прават вистински паѓур.

 

До каде ќе оди лудилото на уништување на сопствениот град и препознатливите брендови, останува да видиме во преостаните 2 години од нивниот мандат, што за среќа ќе бидат последен“, истакна Здравески.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien