ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО : Експлозивна направа пронајдена во кафуле во Прилеп

Прилепчани денеска во шок и паника. Околу 12.10 часот во кафе барот „Cafeeine“ во старата чаршија била пронајдена експлозивна направа покрај летната бавча од надворешната страна. Веднаш е известена полицијата која во моментов во голем број го обезбедува централното градско подрачје.

 

 

На лице место веднаш пристигнааа и екипите на Територијалната противпожарна единица како и екипите на Итната медицинска помош.

 

Се уште не се знае како експлозивната направа се нашла во близина на кафулето.

 

Во моментов се очекуваат екипите од  антитерористичка единица од Скопје за да ja демонтираат и подигнат направата.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи