Станкоска : Кривична за Ристески, зел аванс од „Комуналец“ 5.527.058 денари, потоа го вратил, но по закон не смеел да зема

Ве известуваме дека постојат основани сомневања и докази дека од страна на лицето Златко Ристески, почнувајќи од 2005 до 2017 година континуирано е вршена злоупотреба на функцијата директор на ЈКП „Комуналец“. Имено за целиот тој период именуваниот подига парични средства од касата на ЈКП „Комуналец“ во вид на аванси. Износот кој е земен во овој период е во висина од 5.527.058 денари. Истакна на денешната прес конференција Ирена Станкоска, директор на ЈКП „Комуналец“ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Износите се подигани на овој начин :

 

Во 2005 година има подигнато 389.000 денари, а во текот на таа година вратил 100.000 денри, што значии салдо за наредната 2006 година се пренесени 289.000 денари.

 

Во 2006 година подигнал дополнителчни  472.708 денари, а вратил само 75.000 денари. Што значи за наредната година пренесено е вкупно салдо заедно со претходната година од 686.708 денари.

 

Во 2007 година истиот подигнува 429.954 денари, а вратил 373.662 денари. Што значи салдото на крајот на годината изнесува 743.000 денари.

 

Во 2008 година истиот подигнува 506.235 денари, а вратил 629.863 денари. Што значи салдото кое е пренесено во наредната година е 619.375 денари.

 

Во 2009 година има подигнато 408.754 денари, вратил 436.580 денари што значи крајното салдо кое се пренесеува за наредната година останува 591.549 денари.

 

Во 2010 година истиот подигнал 357.569 денари вратил 322.736 денари, крајното салдо кое го пренесува за наредна година е 626.382 денари.

 

Во 2011 година подигнати се 277,213 денари, а вратени се 621,344 денари, крајното салдо кое се пренеусва за 2012 година е 282,251 денари.

 

Во 2012 година подигнува 1,051,425 денари, вратил 908,353, салдото кое се пренесува за 2013 е 425,323 денари.

 

Во 2013 година подигнал 822,100, вратил 1,110,423 денари, салдото кое се пренесува за 2014 е 137,000 денари.

 

Во 2014 година подигнал 210,000, вратил 173,000, салдото кое останува е 174,000.

 

Во 2015 година подигнал 502,100 денари, вратил 357,100, салдото за наредната година е 319,000 денари.

 

Во 2016 година не подигнал воопшто пари, вратил 150,000, салдото за 2017 е 169.00 денари.

Во 2017 година подигнал 100,000,  вратил 269,000 и се исчистил комплетно.

 

Додека во истиот овој период Ристески подигал аванси лично за себе, што претставува класична злоупотреба на функцијата тој не ги исплаќа обврските по ДДВ, не ги исплаќа законските обврски спрема вработените со што предизвикува финансиска нестабилност на претпријатието по што следат серија на тужби од страна на вработените.

 

Поради сето ова денес до Основото јавно обвинителство Прилеп и Полициската станица Прилеп поднесуваме пријава за злоупотреба на службена должност поткрепена со материјалните докази коии и вас ви беа прочитани.

 

Во моментов долгот на Ристески кон ЈКП „Комуналец“ е нула, нема долгови. Но станува збор за класична злоупотреба на функцијата“, истакна Станкоска.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи