ВИДЕО – Обвинувања за дивоградби, инертност на инспекторите и апсурдни судски пресуди во Прилеп

Прилепчанецот Сашо Билјаровски обвинува за градежна мафија, апсурдни судски пресуди и можна спрега со градежниот инспекторат. Имено тој е сопственик на долниот кат од оваа куќа која е стара над 100 години и е заштитена со закон. На горниот кат сопственик е неговиот сосед Дејан Николоски кој има кафeана и со кого сега се во спор. Николоски комплетно го заградил дворот и сега прозорците на Билјароски гледаат внатре во кафеаната.

 

 

Претходно Музејот донесол решение дека нема градежна дозвола за да се интервенира на објектот, а дозвола за рушење има донесено и градежниот инспекторат. Но градбата продолжува.

 

„Дали во оваа држава постои закон ? Дали постои закон кој важи за сите еднакво ? Далии има инстиитуција каде може да ги заштитиме нашите права и да го заштитиме имотот? И дали некој ќе сноси одговорност за ова безредие кое се случува во градот“,  истакна Сашо Билјаровски, сопственик на дел од објектот.

 

Апсурдно е тоа што судот и покрај забраните носи одлука дека нема потреба да се стопира градбата. Исто така во пресудата стои уште поапсурдна констатација дека прозорците на Билјароски биле стари и нечисти. На кого тоа му е битно не се знае.

 

Николоски пак вели дека нема да коментира ништо додека не завршел судскиот спор, но се правда дека не станува збор за цврста градба, туку за метална конструкција за која не требало градежна дозвола.

 

„Ние овој ѕид кој што беше како стар ѕид од објектот и кој беше целосно распаднат ние го доведовме до оваа состојба, само го измалтаривме, воопшто не е сменета архиитектурата на објектот на овој дел од ѕиидот и на еден начин го заштитивме објектот. Ние имаме постапено согласно законот и сите потребни работи ги имаме превземено“, кажа Дејан Николоски, сопственик на другиотр дел од објектот.

 

Кога се јавивме во градежниот инспекторат во Општина Прилеп да прашаме дали станува збор за дивоградба и зошто не се постапува по решението за отстранување од таму дрско ни рекоа дека немало што тие да коментираат.

 

И Билјаровски и Николоски сега чекаат за случајот да се произнесат повисоките органи во државава.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien