Дивоградбата кај Чинарот во Охрид пуштена во употреба од страна на Мерко

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко синоќа присуствуваше на отворањето на пицеријата Луна кај Чинарот во Охрид, чиј сопственик е Нефи Усеини, советник од ДУИ во Општина Охрид. Станува збор за дивоградба, изградена на државно земјиште во строгиот центар на Охрид, кој се наоѓа во заштитениот појас на УНЕСКО.

 

Откако е почната неговата изградба во март годинава, никој воопшто не се ни обидел да ја спречи дивоградбата. Усеини уште кога почнал да го гради објектот добил решение од Општина Охрид дека има десет дена рок самиот да ги урне конструкцијата и платформата.

 

Во решението на Усеини му било посочено дека има право на жалба, но дека таа не го одложува уривањето. Освен тоа, прекршоци му констатирала и градежната инспекција, бидејќи тој нема одобрение за поставување урбана опрема за 2019 година, но и дека не поседува одобрение за градење на цврста градба во заштитеното градско подрачје.

 

За сето тоа време Усеини непречено градел, а Општината “барала“ (и се’ уште бара) фирма која би го извршила уривањето.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien