Бугарија не отстапува – Гоце Делчев е бугарин

Софија не отстапува од ставот дека Гоце Делчев е Бугарин . Вториот човек во бугарското МНР Георг Георгиев во телевизиско интервју повтори дека Бугарија нема да прифати исторскаи интерпретации   која би биле  против нивниот интерес.

 

„Зборуваме за историска личност која е со неспорно потекло и како што Бугарија постојано подвлекува, со потполно неспорна припадност кон бугарскиот народ. Тоа што во одредено време се правеа некои интерпретации, не значи дека ние ќе отстапиме од своите интереси и своите позиции за кои многу пати зборуваа министерката за надворешни работи Захариева и премиерот Борисов. Тоа истото ќе го каже Ви го каже секој Бугарин“, изјави замени министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев.

 

И покрај ваквата ригидна позиција , заменикот  на Захариева вели дека  Бугарија е добронамерна кон својот сосед. Тоа што премиерот Борисов го нарече Пендаровски, северномакедонски претседател за него е ситна работа. Георгиев тврди дека  напредокот на Македонија на евроатланстскиот пат е  заслуга на бугарската Влада.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien