ВИДЕО – Занаетчиската комора во Прилеп спасена од згаснување

Конечно после долги години на блокирана сметка и опасност од нејзино згаснување Занаетчиската комора на Прилеп ќе може нормално да функционира откако Советот на Општината и додели 600.000 денари со кои ќе се плати долгот кон ФЗОМ кој бил направен во периодот од 2001 до 2008 година кога комората имала 3-јца вработени на кои не им се плаќало здравствено осигурување поради нередовна членарина. Со ова се избегна сите прилепски занаетчии да мора да се регистрираат во Битолската комора.

 

 

„Фирмите кога ќе отидат во Битола ќе користат нотарски и адвокатски услуги од таа Општина каде ќе бидат бидејќи тие нема да имаат време да се шетаат напред назад. Тоа е едниот аспект. А другиот е дека тоа би донесло до зголемени трошоци на занаетчиските фирми. Со тие зголемени трошоци би се довело во прашање нивното нормално функционирање и можеби голем дел од овие занаетлиски фирми и би затвориле“, истакна Кирил Трпчески претседателот на Регионалната занаетчиска комора – Прилеп.

 

Обврските пак кон ПИОМ кои изнесувале 1 милион денари ќе си ги плателе сами. Со ова занаетлиите очекуваат овој сектор кој вработува над 600 луѓе да продолжи да се развива.

 

„Ова требаше да се случи и нашиот град требаше да застане зад нас и да ни помогне со овој проблем. Мислам дека идните генерации ќе бидат заинтересирани“, кажа Жарко Јованоски, член на Занаетчиска комора Прилеп.

 

 

Младите биле се повеќе заинтересирани за занаетчиството кое го сметале за доходовна дејност.

 

„Мислам дека има интерес за занаетчиството во различни аспекти, далии е тоа електроника, дали е некој постар занает, има интерес“, рече Христијан Момироски, член на Занаетчиска комора Прилеп.

 

Со новиот закон било предвидено сите фирми, трговски претпријатија и други кои вршат занаетчиска дејност да мора да извадат занаетчиски дозволи. Со тоа бројката на занаетчиски фирми во Прилеп би стигнала до околу 500.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien