Компјутери, УСБ стикови, мемориски картички и многу оружје запленети од Боки 13 и Кичеец

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција информира дека во соработка со Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден до раните утрински часови работеле на прибирање на материјални докази поврзани со осомничените во случајот „Рекет“.

 

Полицијата кај Боки 13 пронашла и одземала  лап топ и персонални компјутери, брендирана облека, накит, часовници и уметнички дела. По вчерашниот претрес по наредба на обвинителството за организиран криминал, предметите се предадени на вештачење.

 

Во домот на Зоран Милески познат како Зоки Кичеец пронајдени и одземени се повеќе лап топ компјутери, документација, мобилни телефони, УСБ стикови и мемориски картички. Пронајдено е и поголемо количество оружје и муниција, а дали Кичеец имал дозвола за истото допрва ќе се утврдува.

 

„Воедно, обвинителството ја известува јавноста дека до овој момент надлежниот обвинител нема извршено разговори со други лица, за кои излегоа шпекулации во јавноста дека се повикани на информативен разговор во насока на расветлување на случајот. Во интерес на истражната постапка и спречување на шпекулациите во јавноста, обвинителството колку што дозволува истрагата континуирано ќе информира за преземените дејствија.“, стои во соопштението од ОЈО.

 

Инаку судот во текот не вчерашниот ден им даде 30 дена притвор на двајцата.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien