Мицкоски бара притвор за Катица Јанева

Специјалното јавно обвинителство е завршена работа и првиот чекор што треба де направи треба да биде притвор за Катица Јанева, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција.

 

„Катица Јанева се’ уште е на чело на ова слабо и корумпирано обвнитество. Постои можност за бегство и за влијание на сведоци“, рече Мицкоски.

 

Она што се случи вчера со апсењата и оставката на Јанева според него, е последица на власта, која што е корумпирана „до гуша“. Тој власта ја нарече криминален октопод кој владее со државата и тргува со правдата.

 

Мицкоски објасни зошто нема да појде на лидерската средба на која повика Зоран Заев во петок и повторно повика на предвремени избори.

 

„Заев повикува на лидерска средба во петок. Не ја гледам потребата од мое присуство на средба на која ќе се разговара за сѐ и тоа ќе биде алиби, а не за тоа што треба, датум за предвремени парламентарни избори“, изјави Мицкоски.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien