ВИДЕО – Започнува Пиво Фест – Ѓорѓе Давид, Ивана Негатив и Неша Галија ветуваат одлична забава

Вечерва започнува 17-тото издание на Пиво фест во Прилеп, кој ќе трае во наредните 4 дена, се до недела. На оваа прва вечер настапуваат „Прилепски Еснаф“, Селимова Желчески, Ѓорѓе Давид и Ивана Негатив, а вечерта ја затвора „Галија“. За овие 17 години Пиво фест се издигна во најголем фестивал од ваков вид не само во Македонија туку и во поширокиот регион. Ѓорѓе Давид, Ивана Негатив и Неша Галија ветуваат одлична забава за вечерва.   Погледнете ги нивните изјави.

 

 

 

„Јас прв пат сум бил тука пред едно 30 години отприлика. И ја имав таа чест во повеќе наврати да доаѓам повторно во разни некои варијанти и секогаш тоа беше публика која многу добро се разбираше од она што ние го работииме на сцената. Тоа нас многу ни ја олеснуваше работата и верувам дека и вечерва ќе биде многу добро затоа што преку патот нема да стојат некои кои незнаат што ќе слушаат, туку баш точно знаат што ќе слушнат“, истакна Ненад Милосављевиќ – Неша Галија, музичар.

 

„Многу е важно луѓето да разберат дека пивото, добарат енергија и убавите жени се нешто кое што прво се поврзува со рокенролот. Тоа вие пиварите треба да го разберете. Кога ќе погледнете некои спотови од 80-тите или 90-тите годинии најубавите жени на светот се појавуваа со рокенрол бендови во тие спотови. И пивото е поврзувано за рокенрол музиката. Спрема тоа огромна ми е честа и мислам дека нема да ве разочараме. Ивана и јас ќе донесеме добра енергија“, вели Ѓорѓе Давид, музичар.

 

„Мислам дека ова ми е супер искуство, прекрасна екипа. Многу ми е драго што сум тука со вас. И јас како и Ѓорѓе не очекував вакво нешто, навистина мислам дека ќе биде добра забава вечерва и дека ќе има полно публика“, Ивана Негатив, музичар.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien