Трактор и камион се судрија кај Дебреште, еден тешко повреден

Едно лице со тешки повреди е пренесено во болницата во Прилеп по сообраќајната несреќа меѓу трактор и камион што вчера попладне се случи на регионалниот пат Прилеп-Македонски Брод, кај влезот за с.Дебреште.

 

Според полициските детали nа 17.07.2019 во 18.00 часот на регионалниот пат Прилеп-Македонски Брод, кај влез за с.Дебреште, се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „ИМТ“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од О.М.(39) од с.Дебреште и товарно возило „Сканија“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(33) од Крушево. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, а со телесни повреди се здобила сопатничката О.С.(39) од с.Дебреште, кои биле пренесени во болницата во Прилеп.

 

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien