СЗО: Епидемија на ебола во Конго

Facebook
Twitter
Email
Print

Светската здравствена организација соопшти дека епидемијата на смртоносниот вирус ебола во Демократска Република Конго е „јавна здравствена вонредна состојба која предизвикува меѓународна загриженост“.

 

Како причина за декларацијата, СЗО ги наведе првите случаи на болеста во Гома, еден од најголемите градови во државата.

 

Од СЗО, исто така, посочија дека станува збор за алармантно ширење на болеста, бидејќи од 10 до 15 случаи се пријавуваат на дневна основа и има 1.676 смртни случаи од почетокот на епидемијата.

 

Од СЗО укажуваат дека е потребен глобален одговор на епидемијата.

 

СЗО, исто така, ги повика државите да не наметнуваат ограничувања за патување, иако Гома се граничи со африканската нација Руанда и има аеродром.

 

Ова е петто вакво прогласување во историјата. Претходните вонредни состојби беа прогласени за катастрофалната појава на ебола од 2014-16 година во Западна Африка, во која загинаа повеќе од 11.000 луѓе, за појавата на зика во Америките, пандемијата на свински грип и искоренувањето на полио.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи