Анѓушев: До крајот на 2020 година просечната плата во државата ќе биде 30.000 денари

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев е оптимист дека просечната плата во земјава ќе достигне до 30.000 денари до крајот на 2020 година и оти тоа ќе биде базирано на реалниот раст на економијата, а не на проекти финасирани од државата.

 

„Просечната нето плата во државата за мај 2019 година е 25,270 денари и  е највисока досега. Ако имаме предвид дека е зголемена за 3,1 отсто во спредба со истиот месец лани и со тенденцијата која веќе ја имаме очекувам до крајот на мандатот на Владата што исекува на крајот на 2020 година да биде постигната просечна плата од 30.000 денари како што и ветивме“, изјави Анѓушев.

 

Тој истакна дека Владата ќе продолжи да го стимулира стопанството да ги зболемува платите за да работниците да бидат задоволни и со тоа да го реши проблемот на заминувањето на луѓето од државата, зашто, како што рече, токму за тоа е пресудна платата.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien