ОТА моментално следи 159 телефонски броеви, дел од нив и за случајот „Рекет“

Оперативно техничката агенција – ОТА во моментов следи 159 телефонски броеви, а меѓу нив постои можноста да се и броеви од случајот кој го води ОЈО –  “Рекет”.

 

Директорот на агенцијата Зоран Ангеловски вели дека согласно законот наредбите од судот за тоа кои телефонски броеви треба да се прислушуваат ги добива со скриен идентитет.

 

„Иако барањата за следење на комуникациите ОТА ги добива со скриен идентитет, веројатно има и од тие телефонски броеви“, изјави Ангеловски.

 

Од собраниската комисија за надзор над комуникациите кои беа во редовна контрола, велат дека сите прислушувани разговори се следат со барање од соодветна инстанца. Агенцијата согласно законот го изведува само техничкиот дел од следењето на комуникациите, а снимките ги предава на органот кој го побарал тоа.

 

ОТА започна со работа минатата година, а беше формирана откако во 2015-та година беше откриено дека системите за следење на комуникации се злоупотребувале за приватни и партиски цели, за што СЈО ги води случаите Таргет и Тврдина.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien