Во Прилеп синоќа настапи ѕвездата на годинешниот 17-ти по ред Пиво Фест, Светлана Ражњатовиќ – Цеца. Центарот на градот беше претесен да ги собере сите посетители кои тука дојдоа од цела Македонија. Освен Цеца публиката ја забавуваа и Миле Кузманоски, Ален Хасановиќ и составот Кантурови.
Денеска пак настапуваат прилепската рок атракција The Hounds, потоа Влатко Стефаноски Трио, групата Фрајле, а вечерта ја затвора Нокаут. Во неделеа на последниот ден од фестивалот публиката ќе ја забавуваат Бен Хур, Кал Бенд, Даниела Мартиновиќ, а фестивалот го затвораат прилепчаните Cyrillic.
Еве дел од атмосферата од вториот ден на фестивалот и дел од настапите на Цеца, Ален, Миле и Кантурови.
86