ВИДЕО – Цеца : Често гостувам во Македонија, не ми е важно во кој сум град, секогаш забавата е прекрасна

Пред својот настап на годинешниот 17-ти по ред Пиво Фест, Светлана Ражљатовиќ – Цеца даде изјава за медиумите во холот на зградата на Општина Прилеп. Истакна дека често гостува во Македонија, дека тука имам прекрасна публика и дека не и е важно во кој град настапува затоа што секаде забават била одлична.

 

 

„Драго ми е што и вечерва сум со Вас и ќе ми биде задоволство да настапам пред оваа прекрасна публика. Јас често гостувам во Македонија тука имам прекрасна публика, долгогодишна публика, публика која што е исклучително весела, темпераментна. Мене апсолутно не ми е важно во кој сум град, кога сум во Македонија секогаш е прекрасен провод, многу луѓе и се трудам сите да се задоволни од концертот, тоа е најважно.

 

Спремаме и ново, не се брзаме. Кога ќе најдам песни кои ми се допаѓаат јас и ќе ги снимам, но за тоа благовремено ќе бидат известени медиумите и мојата публика. 

 

Бев малку на Кипар, па малку во Грција, така да штом имам некој краток одмор јас тоа го користам да се одморам. Но летото ќе ми биде доста работно и незнам колку ќе можам летото да го искористам за некој личен одмор. Но мене ми е исто така многу драго кога се дружам со мојата публика.

 

Ова е креација од Марина Висковиќ, се надевам дека ви се допаѓа, накитот и Виш, има од се по малку, но најубаво“, истакна Цеца.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien