ВИДЕО – Се разгледува можноста ПС Прилеп повторно да стане Сектор за внатрешни работи, во Прилеп формиран Совет за превенција

Во Прилеп се одржа првата седница на новормираниот Совет за превенција на Општина Прилеп, на која присуствуваше и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Според градоначалникот Илија Јованоски формирањето на вакво тело само се совпаднало со актуелните случувања во Прилеп и бомбите. Советот за превенција не се формирал заради бомбите туку бил договорено истиот да се формира уште пред да се случат овие немили настани. Советот за превенција има 5 постојани членови и тоа : градоначалникот, претседателот на Совет на Општина Прилеп, раководителот на сектор за криминалиситика во ПС Прилеп, командирот на ПС Прилеп и Секретарот на Општината. Во него членуваат и други непостојани претстаници на државни институции и граѓански здруженија.

 

 

„На денешниот состанок на Советот за превенција беа поканети сите советници на Советот на Општина Прилеп. За жал, советниците од опозицијата не дојдоа. Не сакавме да правиме кворум, не баравме да бидат сите, време на одмори, недела, но можеше некој да дојди, затоа што денес беше прилика, бидејќи тука е министерот на располагање, за да им одговори на некои прашања кои не мачат. Опозицијата излегува на прес конференции, а сега вистинско место, вистинско време, институционално да прашаат пред министерот и Советот за превенција, како да најдеме начин да се справиме со сето ова што се случува во нашиот град, дали е безбеден, колку е безбеден, кои се можностите за превенција итн“, истакна градоначалникот Јованоски.

 

Јованоски истакна дека се рзагледувала можноста ПС Прилеп повторно да стане Сектор за внатрешни работи.

 

„Министерот кажа дека на наше задоволство, сега ќе се направат услови, а веќе се во постапка, за нашата полициска станица во иднина да прерасне во Сектор за внатрешни работи. Посебно ми е драго што министерот и Владата за тоа размислуваат, затоа што мислиме дека на Прилеп тоа му е потребно. Но за тоа не треба само да се назначи некое лице кое ќе биде вработено или некој функционер, туку вистински со сите ресурси што ги имаме на располагање, со сиот потенцијал и капацитет вистински да заслужиме да имаме Сектор во нашиот град“, додаде Јованоски.

 

Министерот Спасовски истакна дека безбедносната состојба во Прилеп била мирна и стабилна и дека наскоро се очекувало расчистување на настаните со бомбите.

 

 „Разговаравме околу актуелната безбедносна состојба и врз основа на средбата што ја имавме претходно во полициската станица во Прилеп, изнесените податоци, можеме да констатираме дека таа е мирна и стабилна и дека нема елементи на нарушување на безбедносната состојба во општина Прилеп и за тоа граѓаните треба вистина да бидат спокојни. Секако дека перцепцијата не е добра кога ни се случуваат вакви настани и се работи на нивно расчистување. Ние многу скоро можеме да излеземе, се преземаат низа на активности кои што ќе ги дадат очекуваните резултати, како и поврзаноста на овие случувања со некои претходни случувања, со одредени групации итн“, вели Спасовски.

 

До крајот на август ќе се направело анализа дали ПС Прилеп повторно да стане Сектор за внатрешни работи.

 

„Ние сакаме да направиме анализа и врз основа на анализата што ќе биде направена, очекуваме според дадените насоки, до крајот на август месец, на ниво на државата да се направи целосна анализа на функционалноста и врз основа на тоа да ги носиме одлуките. Идејата е врз основа на тие анализи, врз основа на криминалитетот, врз основа на она што се случува, да навистина донесеме одлука што навистина ќе биде во функција на интересот на граѓаните. Ова не го правам во функција на било кој поединец, во функција на остварување на некакви лични или групни заложби, ова го правам за граѓаните на општина Прилеп. Сакам да бидам убеден дека граѓаните на Прилеп ќе добијат со тоа што полициската станица во Прилеп би била Сектор“, кажа Спасовски.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien