ВИДЕО – Спасовски : Има пријави за рекет од страна на бизнисмени до МВР

Во Македонија нема и не смее да има заштитени. Без разлика кој е, без разлика на каква позиција се наоѓа. Ги охрабрувам граѓаните сите закани и уцени кон нив за некаква финансиска надокнада да ги пријват до МВР.  Ова денеска во Прилеп го истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

 

 

„Сето тоа што е пријавено во МВР ние сме делувале, сме реализирале и делуваме и понатаму. Јас апелирав во неколку наврати, апелирам и сега повторно, дури и посилно затоа што сметам дека граѓаните сега се охрабрени затоа што институциите функционираат, институциите функционираат неселективно, апелирам до секој, од било кој апсект да има закана, да има уцена, да има барање за некаква финансиска надокнада да го пријават случајот, да го сработиме, да го реализираме и да ја пратиме пораката према граѓаните дека во Македонија нема и не смее да има заштитени. Без разлика кој е, без разлика на каква позиција се наоѓа, без разлика дали е близок до одредени политички структури, дека ќе мора да сноси одговорност“, истакна Спасовски.

 

Спасовски нагласи дека не ја знае точната бројка на пријави, но имало доста реализирано.

 

„Впрочем и читате по медиумите, ако имате секој ден по 3-4 настани кои ги објавуваме на медиумите за спротивставување на криминалот, значи дека има и пријави и сознанија и документации, работа, затоа јас година дена зборувам дека обвинителството, судството, мора да застанат на свои нозе, мора да ги отворат перспективите во борбата против криминалот. Драго ми е што сега, денес, во овие моменти имаме разбирање и кај структурите во обвинителството, и во судството и дека состојбите ќе се подобриваат. Но затоа е потребно да конечно се оддели доброто од лошото во институциите, затоа е добро да секој од нас што раководи со институциите максимално да се заложи за професионалниот кадар, стручниот кадар, квалитетниот кадар, чесниот, одговорниот, кој сака да се стави во интерес на граѓаните и државата, да ја преземат улогата на примарност“, рече Спасовски.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.