Фантастична музика и одлична забава на третата вечер на Пивофест 2019

Позитивна енергија, разиграна и одлична атмосфера поттикната од добрата музика и супер забава – во таков амбиент помина третата, саботна вечер на Пивофест 2019, so изведбите на The Hounds, Фрајле,  Влатко Стефаноски Трио и Нокаут.

 

„Имавме одлична забава, поминаа три одлични вечери. Посебно ми е драго што синоќа поголемиот дел од изведувачите беа од македонската музичка сцена. Особено сум радосен што на сцената настапија татко и син, затоа што настапот ветува дека синот на Влатко Стефаноски, Јан ќе биде успешен како и неговиот татко. Денешнава вечер уверен сум  дека ќе помине во добра атмосфера на задоволство на сите“, истакна градоначалникот Јованоски.

 

 

 

 

 

 

Пред нас е завршната вечер на „Пивофест 2019“, кога за заокружување на позитивниот впечаток на посетителите од населените места ширум нашата држава и гостите од странство, ќе се погрижат „The Four“, „Кал Бенд“, Даниела Мартиновиќ и „Cyrillic“.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien