ВИДЕО – „Преспанскиот херој“ лета со параглајдер, отвора манифестации, вози мотор на 4 тркала – секој ден докажува дека „Сите сме исти“

Васил Јанкула од Ресен, лице со церебрална парализа, кој го доби името „Преспанскиот херој“, откако со својот трицикл за 7 дена ја обиколи цела Западна Македонија продолжува да го остварува својот сон и да докажува дека „Сите сме исти“.

 

За само кратко време после својот голем подвиг, тој ја отвори велосипедската манифестација „Алшар“ во Кавадарци, леташе до параглајдер над Охридското езеро и се возеше со АТВ или мотор со 4 тркала.

 

Погледнете го видеото со кое Васил уште еднаш порачува дека општеството треба да има поголема грижа кон лицата со посебни потреби, а тие пак да не се затвораат во себе, да излезат од своите домови и да го прават тоа што најдобро знаат затоа што „Сите сме исти“.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.