Откриени желки што светат во мрак

Поморските биолози околу Соломонските Острови откриле вид на желки кои светат во мрак и имаат невообичаена способност за биофлуоресцентост.

 

Желките емитуваат светлина во различни бои, како зелена и црвена. Биофлуоресцентноста се проучува само десетина години, а ова е прво откривање на желки од видот Eretmochelys imbricata во регионот на Соломонските Острови.

 

„Засега не се знае со сигурност зошто желките го имаат ова својство, но познато е дека други видови животни тоа го користат за меѓусебна комуникација и за камуфлажа“, наведува „Соломон тајмс“.

 

Поморскиот биолог Александер Гаос вели дека биофлуорецентноста често може да се забележи кај коралите, така што е можно желките да ја имаат оваа особина за да се вклопат во околината.

 

Следниот чекор во разбирањето на другите нивни способности ќе биде проучувањето на очите на желките за да утврдат дали тие всушност ги гледаат флуоресцентните бои кои ги емитуваат.

 

Тимот биолози ќе ја проучи и хемиската реакција во желките за да утврди што ја предизвикува флуоресцентноста.  Научниците на Филипините се надеваат дека ќе најдат уште примероци од истите биофлуоросцентни желки во водите во околината.

 

Ова единствено откритие лесно би можело да доведе до огромни откритија кај другите животни, кои имаат непознати способности.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien