Рускиот хуманоиден робот ФЕДОР на 22 август ќе тргне кон Меѓународната вселенска станица и таму ќе помине една и пол недела, најави денеска генералниот директор на „Роскосмос“, Дмитриј Рогозин на космодромот Бајконур.
Роботот го носи името Скајбот Ф-850, пренесе агенцијата „Тасс“.
Рогозин истакна дека хуманоиден робот во иднина ќе биде испратен и на Марс во рамки на подготовката за испраќање на човечка мисија.
“Ќе имаме подготвителна фаза за тоа – прво ќе пратиме хуманоиден робот, а после тоа и луѓе, за да ги проучиме сите ризици и да научиме да се бориме со нив”, рекол тој.
Андроидниот робот Федор е создаден во соработка со “Android Techincs” и руската фондација за напредни истражувачки проекти со техничка поддршка од министестрвото за вонредни ситуации на Русија.
Робот “Федор” пробудет на МКС полторы недели https://t.co/6QZe1Rkl7x pic.twitter.com/yDZAFGQ2vk
— РИА Новости (@rianru) July 21, 2019