Јовески: Парите во „Рекет“ се давани во кеш

Facebook
Twitter
Email
Print

Знаеме како и од каде се дадени парите, 1.5 милиони евра, за случајот „Рекет“, изјави републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, во интервју за „Независен весник“.

 

„Парите се дадени во готовина во два наврата. Обвинителството уште во предистражната постапка ги утврди начинот и сметките од кои се обезбедени парите. За да не се наштети на постапката, други детали не би откривал. Но кога ќе бидат создадени услови, јавноста ќе биде запознаена со начинот на извршување на кривичните дела во овој предмет“, вели Јовески.

 

Според него се истражува и дали целта била да се поткупат обвинители или само да се искористи влијанието на првоосомничениот врз јавен обвинител. Исто така најавува дека никој нема да биде поштеден, вклучувајќи и пратеници и обвинители доколку доказите го докажат тоа.

 

Целото интервју можете да го прочитате ТУКА.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи