Филипче: Ќе се реконструираат 45 здравствени установи

Реализација на проект за реконструкција на јавните здравствени установи, вклучувајќи ги и клиниките, со кој ќе бидат опфатени нивните санитарни чворови, како и модернизација на собите и нивно опремување со монитори, кревети и телевизори, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче на средба со новинарите.

 

„Во фаза сме на одредување на приоритетите за голема реконструкција на повеќе клиники. Од јавните здравствени установи 45 се приоритетни и во нив ѕидовите ќе бидат молерисани, а ќе им бидат сменети и плочките“, рече Филипче.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien