Царовска: Од септември 21% поголеми плати во градинките

Facebook
Twitter
Email
Print

Министерството за труд и социјална политика излезе со ново ветување за вработените  во градинките. Најави дека од септември вкупно платите ќе бидат зголемени за 21%, што го прави најголемо покачување досега.

 

Ова го изјави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска пред денешната средба со вработените од градинките на која беше презентиран новиот систем за плати.

 

„Почнувајќи од јунската плата, којашто на поголемиот дел од вработените веќе им е исплатена, стручниот кадар во градинките доби зголемување во просек од 16%, што е околу 3.000 денари во нето-износ по вработен. Во септември годинава вработените во детската заштита ќе добијат и уште едно зголемување од 5%. Со тоа вработените во детските градинки добиваат покачување на платите за 21%, коешто е најголемо до сега“, изјави министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

 

Зголемувањето на платите се прави согласно Законот за вработените во јавниот сектор и со него ќе бидат опфати 3.138 вработени од вкупно 4.577 вработени, односно 68,5%.

 

Во оваа група влегуваат воспитувачи, негователи, стручни работници и стручни соработници – педагог, психолог, логопед, дефектолог и други за вршење работи поврзани со дејноста згрижување и воспитување деца од предучилишна возраст. Истовремено се зголемуваат и платите на помошно техничкиот персонал во градинките и ова покачување е утврдено со колективниот договор.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи