„Десет дена Крушевска Република“ – настан за сите возрасти

Оваа 2019 година веројатно е исклучок кога се работи за квалитетот на програмата на Манифестацијата научно културни средби „Десет дена Крушевска Република“ и очекувањата се дека годинава заедно со Светското првенство во параглајдинг ќе дадат особен импулс во привлекувањето на повеќе туристи.

 

Со години од организаторите на Манифестацијата се бараше модернизација на програмата, но тоа не значи внесување на активности како журка до зори и електронска музика исклучиво. Манифестацијата се отвора со Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ и презентирање на албумот „Крушево“, а после нив настап има македонската филхармонија.

 

На 2-ри се одвива централната прослава на Мечкин Камен, а за 3-ти и 4-ти предвидени се Унгарската и Влашка вечер со презентација на песни и книги, концерти, а во рамки на одбележувањето на влашката култура е одржување на јавна трибина за пописот кој треба да се одржи во државата.

 

На 5-ти започнува Светското првенство во параглајдерство кое брои рекорден број на учесници во историјата на овој спорт, и тоа 49 учеснички-земји од целиот свет. Отворањето се одбележува со групата „Фолтин“, а потоа следува концерт на Влатко Груевски – тенор.

 

Во рамките на Манифестацијата до 10-от ден од настанот следуваат театарски претстави за деца и возрасни („Зеленковци“ и „Првин ќе ме земеш ,па после че ме..“), концерти на групата Бона Деа (8-ми август), Шербет и Галоски (9-ти август) и на затворањето ќе настапува Викторија Лоба.

 

„Десет дена Крушевска Република“ е само еден од настаните кои го исполнуваат Крушево со атрактивни содржини во текот на летото, но и цела година. Од тие причини, понудата на Крушево како туристичка дестинација содржи можности за активен туризам како параглајдерство, планински велосипедизам, планинарење, јавање на коњи и културни настани како концерти (Крушево будно), уметност (П.С. Гитар фест) и спортски настани (турнир во мал фудбал „Илинден 2019“).

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien