Владата додели 10 милиони денари за изградба на новото спомен обележје на Тоше Проески. По потпишувањето на договорот во Министерството за култура, градоначалникот на општина Крушево изјави дека веднаш ќе започне постапката за имплементација на проектот.
„Ние веќе работиме на целосната процедура за изградба на спомен обележјето и сега по потпишувањето на договорот ги продолжуваме активностите се до реализација на долго ветуваното градење на гробното место. Конечно, благодарение на Владата, ќе го изградиме спомен-обележјето и така Тоше ќе има достојно вечно почивалиште“, изјави Христоски.
80